
2025-02-21
Обуки преку ПХВ програма
Низ Општинските организации на Црвен крст е многу раздвижено. Се реализираат по 3 три обуки во секоја Општинска организација или вкупно 120 обуки. 1200 младинци добија обуки за дисеминација-теоретски вредности за движењето на Црвениот крст, како се изработуваат мали проекти каде се учи како да се лоцира целна група, како да се направи дрво проблем односно да се видат причините и последиците на проблемите и последна обука како да се документираат малите проекти и изработка на кратко видео.
Младите ќе имаат можност да реализираат проекти во две области- акција во заедницата и интеркултурна акција.Поддржани се од страна на дисеминаторите, менторите, стручната служба како и координаторите на млади.
Во март и април и заедницата ќе биде раздвижена од страна на нашите амбасадори кои ќе ја промовираат и поттикнуваат хуманоста.